Почнаа истражувања дали вакцините против корона вирусот можат да го пореметат менструалниот циклус

- Advertisement -


Уште не е познато дали вакцините против КОВИД-19 можат да влијаат на менструалниот циклус кај жените, меѓутоа истражувачите почнуваат да го проучуваат проблемот. Како што пишува Independent, досега не е утврдена врска помеѓу пореметувањето на циклусот и примањето каква било вакцина.

Вакцините се дизајнирани да го активираат нашиот имунолошки систем, а некои експерти се прашуваат дали може тоа привремено да го поремети менструалниот циклус. Досега извештаите за неправилно крварење беа анегдотски, поради што тешко е да се утврди дали има каква било врска со вакцините затоа што промените може да се резултат на други фактори како што е стрес, исхрана или животни навики. Недостигаат и податоци кои ги следат промените на менструалните циклуси после вакцинација.

- Advertisement -

Ако се утврди врска меѓу вакцините и краткорочните промени во крварењето, експертите велат дека тоа нема да е доволно добра причина за да се избегне вакцинацијата.

„Предностите од примањето вакцина сигурно се поголеми отколку проблемите со еден тежок менструален циклус, ако навистина постои врска меѓу нив“ вели д-р Мери Џејн Минкин, гинеколог и професорка на Медицинскиот факултет при Универзитетот Јеил.

- Advertisement -

Истражувачи неодмна почнаа истражување за да соберат податоци за тој проблем. Меѓутоа, наодите нема да утврдат дали постои врска меѓу вакцините против КОВИД-19 и менструалните проблеми, но сепак можат да послужат како база за подлабински истражувања, вели Кетрин Ли, една од истражувачите од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис.

Д-р Џен Гантер, гинеколог од Сан Франциско, вели дека може да постои врска затоа што слузницата на матката која се излева при менструацијата содржи имунолошки клетки кои помагаат во заштита на матката. Исто така, нема докази дека која било вакцина, вклучувајќи ги и овие против КОВИД-19, влијаат на плодноста, велат од американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -