K-Max Titan е првиот беспилотен комерцијален хеликоптер за подигнување товар

- Advertisement -

Kaman Air Vehicles, оддел на корпорацијата Kaman Aerospace, го реализираше првиот лет во светот со првиот беспилотен хеликоптер за подигнување товар, кој е наменет за комерцијална употреба.

Компанијата Kaman е позната по беспилотниот воен товарен хеликоптер K-Max, кој се користи за транспорт на опрема до американските сили во Авганистан речиси десет години, а сега компанијата ја претстави комерцијалната верзија на тој хеликоптер.

- Advertisement -

K-Max Titan системот е фокусиран на безбедна и оперативна ефикасност. Тој систем ќе го редефинира пазарот за хеликоптери, а тоа ќе создаде можности за идни мисии на која било локација и во секакви временски услови“, се вели во соопштението од компанијата.

K-Max користи систем на спротивно ротирачки ротори, кои се дизајнирани за максимален погон, така што може да подигнат и да носат 2.722 кг товар со помош на систем од кабли и куки. Предноста на овој хеликоптер е тоа што може да се користи во систе временски услови и во опасни средини, а нема никаква опасност по луѓето.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -