Јапонци истражуваат дали трајните заби можат да пораснат повторно – досега имаат интересни резултати

- Advertisement -

Научници од два јапонски универзитети спроведоа истражување за да дознаат дали е можно трајните заби да пораснат повторно откако ќе паднат или ќе бидат извадени. Експерименталните третмани кои ги направиле на глувците дале позитивни резултати. Ова е само прв чекор од нивните истражувања на глувци и научниците успеале во телото на глувците да поттикнат процеси благодарение на кои им пораснале нови заби, пишува во статијата објавена во списанието Science.

Во експериментите користеле терапија со моноклонски антитела,а третманот вклучувал блокирање на генот USAG-1, со што се зголемува активноста на морфогениот протеин во коските, односно молекулата од која зависи колку заби ќе пораснат и благодарение на која забите повторно пораснале кај глувците во текот на истражувањето. Ист резултат, односно повторен раст на трајни заби покажал и експериментот на творови, што е уште побитно откритие затоа што нивните заби се послични на човечките.

- Advertisement -

Но, иако добиле охрабрувачки резултати, научниците се соочиле со повеќе предизвици затоа што гените кои влијаат на растот на забите влијаат и на други развојни процеси во телото. Првите третмани предизвикале разни генетски пореметувања кај лабораториските глувци, но со тек на време успеале да пронајдат начин на кој третманите поттикниваат раст на нови заби без да имаат други последици.

Сепак, тие пореметувања се знак колку треба да се биде внимателен при експериментирањето со гените, а јапонските научници најавуваат дека истражувањето ќе го продолжат на други животни како свињи и кучиња.

- Advertisement -

(Futurism)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -