ВИДЕО: Се тестира футуристички воз- ќе патуваме ли во лебдечки капсули?

- Advertisement -

Во пустината северно од Лас Вегас, метална цевка се протега во подножјето на планините што може еден ден да направи револуција во патувањата.

Станува збор за цевка долга 500 метри на полигонот DevlLoop каде што луѓето се превезуваа за прв пат во ноември 2020 година. И покрај краткотрајноста на „патеката“, тие успеаја да достигнат брзина од 172 км на час.

- Advertisement -

Вирџин Хиперлуп, чии партнери ја вклучуваат Вирџин Групацијата на милијардерот Ричард Брансон, развива технологија на капсули за патници кои ќе поминуваат до 1.200 километри на час низ скоро вакуумски тунели со помош на магнетна левитација.

Пред половина година, честа да се биде првиот патник на футуристичкиот воз Hyperloop им припаднаа на Џош Гигел, шефот на технолошкиот развој на компанијата и Сари Лучијан, директор на одделот за патничко искуство. Храброто дуо се возеше во капсула XP-2 што се користи за преткомерцијално тестирање.

- Advertisement -

Капсулите ќе соберат 28 лица и ќе можат да се прилагодат на долги и кратки растојанија и за товарен превоз. Гигел предвидува почеток на комерцијалната употреба најрано во 2027 година.

Извор – Канал5

Сподели!
- Advertisement -