Асоцијацијата МАКАМ-Транс додели 64 сертификати за референт за логистика

- Advertisement -

Асоцијација Макам-транс Скопје одржа свечено доделување на првите сертификати за референт за логистика во нашата држава, како дел од активностите во Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Во изминатиот период Асоцијацијата организираше тримесечна обука за референт за логистика, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните, при што 64 кандидати се стекнаа со сертификат за Референт за логистика. Станува збор за сосема нова подкатегоризација во професијата логистика која претходно не постоеше во националната класификација на професии и е звање кое е од исклучителна важност за напредокот на сите превозни трговски друштва.

Генералниот секретар на Асоцијација Макам-транс, г-ѓа Муратовска се обрати на присутните и ја истакна важноста од вложување во знаење кај вработените во сите превозни трговски друштва. Како обучувач на обуките за референт за логистика го искажа своето задоволство од големиот интерес за обуката и трудот кој сите кандидати го вложија во изминатиот период.

- Advertisement -

Пред присутните се обрати и директор на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, Дејан Јаневски, кој го истакна напредокот на Асоцијацијата и одржливоста на процесите во бизнис секторите:

 „По тригодишната активна соработка и низата активности за развој на внатрешните капацитети на Асоцијацијата, резултатите говорат дека денес МАКАМ-Транс е уште поодржлива и постепено се издвојува како клучна структура на секторот транспорт и логистика. Во овој период тимот на Асоцијацијата успеа да ги подобри процесите во работењето и да развие и спроведе 12 нови услуги кои придонесоа до зголемување на членството за 324 нови членови. Компаниите-членки пак на оваа организација, во 2019 успеаја да вработат 334 нови луѓе и постигнаа 8% пораст на приходите во истата година. Ова е всушност и стратегијата на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем во делот на поддршката на деловните организации, каде преку помагање на организациите во обезбедувањето на подобри услуги кон своите членки, се обезбедува долгорочна оддржливост и индиректно се поддржуваат и активности на компаниите кои се и крајни корисници на овие услуги“, посочи Јаневски.

- Advertisement -

Проектот на УСАИД преку тригодишна соработка ја поддржа асоцијацијата во подобрување и развивање на работната сила во превозните трговски друштва, лобирање за правни измени и дополнувања, како и развивање на нови дигитални алатки и подобрување на постоечките услуги на асоцијацијата со цел подобрување на самоодржливоста на организацијата. Од 2019 година Асоцијација Макам-транс се здоби и со решение за верификувана институција за образование на возрасни од страна на Министерство за образование и наука, со што обуките за референт за логистика редовно, како и останатите обуки кои ги организира Асоцијацијата ќе бидат достапни и во иднина за сите заинтересирани компании. 

Сподели!
- Advertisement -