За пациентите со карцином на дојка, Рош Македонија создаде апликација, дигитална алатка за 24 часовна помош и поддршка. Виртуелниот навигатор Ана преку директен и интерактивен разговор обезбедува помош и ги води пациентите со карцином на дојка низ болеста, фазите на лекување, ги информира за стадиумот, за видовите канцер и нивниот третман, одговара на сите прашања и нуди опции за теми за разговор што може да ги интересираат пациентите, а е поврзано со самата болест.
Апликацијата е достапна на интернет страницата на Рош Македонија на линкот, со овозможен пристап преку оперативните системи Windows, Android и IOS, а разговорот и одговарањето на прашањата се одвива во реално време. Покрај за пациентите, поддршката од оваа алатка е корисна и за негувателите, лицата кои се грижат за пациентите со карцином на дојка.

Создавањето на овој виртуелен навигатор произлегува од потребата за повеќе информации за самата болест и од комуникацијата со различни специјалисти во областа. Комплексните теми и специфичните грижи се претвораат во разговор што ќе им помогне на пациентите кои се соочуваат со ова заболување. Во дискретно и интерактивно разговорно опкружување, пациентите добиваат корисни информации за нивното патување во текот на болеста, поддршка после и за време на часовите на изолација, загриженост и несигурност. Поддршката, помошта и едукацијата од виртуелниот аватар Ана е еднакво корисна за пациентите, негувателите и лекарите, која е повеќе од потребна во услови на пандемија.
