Истражување: Еден од десет Македонци се сомнева во постоењето на короната

- Advertisement -

Иако помина повеќе од една година од почетокот на епидемијата, дел од Македонците се уште се скептични дека коронавирусот постои. Секој десетти Македонец смета дека коронавирусот не постои или пак се сомнева во неговото постоење. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење кое го направила Владата.

11 отсто од граѓаните сметаат дека коронавирусот не постои, додека 3 отсто немаат одговор на ова прашање. Вирусот е реалност за 86 проценти од анкетираните испитаници.

- Advertisement -

Врз основа на истражувањето, 73 проценти од граѓаните изјавиле дека немаат прележано Ковид 19, 51 отсто дале потврден одговор на прашањето дали ќе се вакцинираат, 18 проценти се уште не одлучиле, а 28 отсто изјавиле дека не размислуваат да се вакцинираат. Жените се позагрижени споредено со мажите. 

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 8 до 16 март, на примерок од 1100 испитаници.

Сподели!
- Advertisement -