Привршува првата рунда гласање за граѓанските предлози на МојГрад

- Advertisement -

Во моментов, популарни предлози се и тие за пренамена на напуштената фабрика Купрум во студентски град, изградба на Паркур парк и ревитализација на просторот околу езеро Треска.

Според досегашните резултати од гласањето на партиципативната платформа МојГрад, трите граѓански предлози кои во среда ќе бидат ставени на агендата на Советот на Градот од советничката Драгана Велковска се предлог за субвенции за стерилизација на милениците, предлог за пристапни улици и тротоари за лицата со хендикеп и предлог за отстранување на хаварисаните возила од Скопје.

- Advertisement -

Овие три предлози, како што соопштија од „Зелен хуман град”, беа поддржани од стотици корисници на МојГрад, кои само во првата недела од постоењето на независната платформа се приклучија на идејата за демократизација на локалната власт.

Во моментов, популарни предлози се и тие за пренамена на напуштената фабрика Купрум во студентски град, изградба на Паркур парк и ревитализација на просторот околу езеро Треска.

- Advertisement -

И викендов скопјани ќе можат да гласаат за нивните омилени предлози на МојГрад, во пресрет на седницата на Советот во среда.

– Со ваквиот механизам за пренесување на предлозите на корисниците на платформата во Советот од страна на советничката Велковска, за прв пат се овозможува директно изразување на желбите и потребите на скопјани во локалната администрација, што беше и причината на основањето на платформата минатата недела од екоактивистот и креатор на апликацијата МојВоздух, Горјан Јовановски, се вели во соопштението.

- Advertisement -

МојГрад претставува алатка на политичкиот проект Зелен Хуман Град во кој учествуваат дванаесет локални граѓански здруженија, а целта на Велковска и Јовановски е во следните месеци оваа алатка да прерасне во масовен виртуелен форум и сервис за решенија на локалните урбани и еколошки проблеми.

Сподели!
- Advertisement -