Вештачки создадена бактерија може да детектира болести на цревата

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот Рајс создадоа бактерија која може да ги почувствува нивоата на pH во цревата и свети зелено кога има некакво воспаление. Бактеријата е тестирана на глувци.

Во 2017 година тимот од Универзитетот Рајс покажа дека бактерија ешерихија коли создадена со инженеринг може да осети присуство на тиосулфат, биомаркер кој се асоцира со со воспаленија на цревата како што е колитисот. Оттогаш истражувачите работат на производство на бактерија која може да детектира погенерални биомаркери за инфламаторни болести на цревата.

- Advertisement -

Еден од подиректните начини за детектирање на воспаленија на цревата е со мерење на pH нивоата на цревата. Ацидозата или ниските нивоа на pH се поврзуваат со Кроновата болест, но неинвазивното мерење на pH вредноста е едноставен процес.

„Нормално pH вредноста во цревата е околу 7, што е неутрално, но ако имате Кронова болест, pH се менува на 3, што е многу кисело“ објаснува Џефри Табор, коавтор на студијата.

- Advertisement -

Колонизацијата на оваа бактерија е совршена биолошка алaтка за следење на ацидозата во текот на активно воспаление, вели Шон Колган, коавтор на студијата. Идејата за инженеринг на бактерии кои може да детектираат одредена pH вредност може да биде корисна за биомаркери при активни воспаленија во цревата.

Идејата за инженеринг на бактерии за детектирање болести има релативно нова, но потенцијална примена во технологијата. Паралелно со дијагностичката употреба оваа технологија може хипотетички да се користи за активно третирање рак, метаболички болести и патогени инфекции.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -