ПроКредит Банка организира садење дрва во соработка со Општина Аеродром

- Advertisement -

ПроКредит Банка како дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, во соработка со Општина Аеродром донираше садници и заедно организиравме акција за засадување на дрва и жива ограда во дворот на ОУ„Љубен Лапе“со цел зачувување на животната околина во која живееме и работиме.

Со оваа акција, ПроКредит Банка заедно со своите вработени придонесува за подигнување на еколошката свест и подобро утре за сите нас.

- Advertisement -

„Оваа пролетна акција за садење дрва е дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, преку која во текот на целата година организираме различни активности со кои сакаме да дадеме придонес во зачувување и унапредување на животната средина. Имајќи предвид дека аерозагадувањето е еден од најсериозните проблеми во нашиот град, со посадување на зеленило сите заедно може да придонесеме за почист воздух и здрава животна средина“ изјави Методија Миноски, координатор на Одделот за животна средина во ПроКредит Банка.

(МИА)

Сподели!
- Advertisement -