“Дигитализација, сега!“: Вебинари за дигитализација за мали и средни бизниси

- Advertisement -

Дигиталните алатки стануваат сè понеопходни за бизнисите, а нивниот трансформативен ефект најмногу дојде до израз во време на Ковид-19 пандемијата која преку ноќ го смени начинот на кој се работи.

Дигитализацијата е тука и ќе остане, а успехот на бизнисите ќе зависи од нивната подготвеност за дигитална трансформација. И покрај тоа што постои мит дека дигитализацијата е комплексен процес кој бара експертиза, напротив станува збор за многу едноставен процес, со кој за брзо време ќе направите пресврт во вашето работење.

- Advertisement -

Македонски Телеком почнува со серија вебинари – „Дигитализација, сега!“ за вистинските чекори за дигитална трансформација и за приближување на дигиталните услуги до малите и средни претпријатија.

На првиот вебинар, кој ќе се одржи на 3 јуни во 11:00 часот  ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето за Дигитален индекс на малите и средни претпријатија, кое за прв пат е спроведено во Македонија од страна на Телеком во соработка со ИПСОС Македонија.

- Advertisement -

Сите кои се заинтересирани да го посетат овој вебинар, кој ќе се одвива онлајн преку WebEx, можат да се регистрираат на следниот линк.

Македонски Телеком продолжува да едуцира, инспирира и да ги поддржува малите и средни компании во процесот на дигитализација.

- Advertisement -

Следете нè на LinkedIn пријавете се за вебинарите и откријте го потенцијалот на дигиталните алатки.

Следни вебинари:

  • Дигитална канцеларија, секаде – 10 јуни, 2021
  • Ве има ли на интернет? – 17 јуни, 2021
  • Фактури и потписи на клик – 24 јуни, 2021
  • Без безбедност нема ефикасност – 1 јули, 2021

Дигитализација – оптимизација – 8 јули, 2021

Сподели!
- Advertisement -