„Ербас“ во 2023 година ќе произведе повеќе авиони отколку пред здравствената криза

- Advertisement -

Компанијата „Ербас“, чие производство се намали за 40 отсто поради епидемијата на коронавирусот, планира во 2023 година да произведе повеќе авиони од типот А320 и А220 отколку пред здравствената криза, јави дописникот на МИА.

Европскиот производител на авиони ги информирал своите добавувачи „да се подготват за во иднина со обезбедување на силно темпо на производство од 64 авиони од типот А320 месечно до вториот квартал на 2023 година“, се наведува во соопштението на компанијата.

Кога избувна пандемијата, „Ербас“ произведуваше 40 авиони месечно и се подготвуваше да го зголеми производството во 2020 година на 63 авиони месечно.

- Advertisement -

Фото – Wikipedia

Сподели!
- Advertisement -