Вакцините против КОВИД-19 произведоа барем девет милијардери

- Advertisement -


Најмалку деветмина директори и инвеститори во компании кои произведуваат вакицни против КОВИД-19 станаа милијардери изминатата година благодарение на патентите за вакцини, соопштија невладини организации.

Народната алијанса за вакцини, која опфаќа непрофитни организации како што се Глобална правда сега, Oxfam и UNAIDS, побара од фармацевтските компании да ја споделат својата технологија заради забрзување на глобалното производство на вакцини, додека бројот на заразени нагло расте во многу сиромашните земји.

- Advertisement -

Повикувајќи се на анализа на списокот со најбогати луѓе, кој списанието Forbеs го објавува во април, Народната алијанса за вакцини наведува дека меѓу новите милијардери се извршните директори на фармацевтските компании Moderna и BioNtech, која ја разви вакцината заедно со Pfizer.

Forbes додава дека во милијардерите сега се и четворица директори или инвеститори поврзани со Modernа и тројца директори на кинеската компанија CanSino Biologics. Даночните обврзници понесоа дел од товарот на финансискиот ризик од развојот на вакцини.

- Advertisement -

Поради монополите се создава вештачки недостиг и постои доволно простор за компаниите да остварат добра заработка, а не огромни профити. Да прават милијардери, но истовремено да ја споделуваат својата технологија, интелектуалната сопственост и да им дозволат на сите компетентни производители на вакцини кои ни се потребни„ велат од Глас на Америка.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -