ФОТОГАЛЕРИЈА од новиот Дино парк во Скопје

- Advertisement -

Скопје доби нова туристичка атракција, Дино паркот лоциран веднаш до скопската зоолошка градина е официјално отворен за посетители. За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од денеска ќе имаат прилика тоа да го искусат и доживеат, информираа денеска  од Град Скопје. 

Дино паркот се простира на површина од 2000 квадратни метри и има  вкупно 41 реплика на диносауруси од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци.  Дополнително во Дино паркот функционално се распоредени и придружни елементи – патеки, зеленило и дел за одмор. Ова е првиот Дино парк на Балканот каде што има толкав голем број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни. Се очекува овој парк да прерасне во туристичка атракција која заедно со зоолошката градина дополнително ќе ја збогатат туристичката понуда на градот . Скопскиот Дино парк е еден од најзелените тематски паркови во Европа, со засадени над 300 садници на ниски и на високостеблести растенија.

- Advertisement -

За изградбата на овој парк од Буџетот на Град Скопје се потрошени околу 350 илјади евра.

Дино паркот има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк, а билетот за влез ќе чини 50 денари.

Сподели!
- Advertisement -