Ракијата на Тиквеш наградена на бугарски фестивал за алкохолни пијалоци од Балканот

- Advertisement -

Ракијата „Тиквеш“ на македонската реномирана винарија доби специјална диплома „Најдобра увезена ракија“ за време на Ракија фест Софија, јави дописникот на МИА од Софија.

Тиквеш ја освои наградата во конкуренција со 23 други производители на ракија од водечките балкански земји во оваа област.

- Advertisement -

-Вкупно 10% од производството на ракија „Тиквеш“ се извезува во Бугарија, што ја прави македонската компанија најпрепознатлива на бугарскиот пазар на алкохол. Тиквеш продава 80.000 литри ракија на бугарскиот пазар на алкохолни пијалоци, коментираат од компанијата за дописникот на МИА од Софија.

Бугарскиот пазар е многу конкурентен, а Тиквеш е подготвен да одговори на овој услов, коментира Веселин Ангелов, кој е претставник на македонската компанија во Бугарија.

- Advertisement -

Македонската компанија има намера да влезе уште посилно на бугарскиот пазар и да инвестира во него. Плановите на компанијата се да стане многу сериозен увозник на пазарот во Софија и во одморалиштата на бугарското црноморско крајбрежје.

-Трета година по ред Тиквеш останува најголем увозник на македонска ракија во Бугарија во споредба со другите производители во Северна Македонија. Интересен детал е што компанијата Тиквеш користи бугарски буриња многу години, каде што нивните производи стареат. Тиквеш е присутен на бугарскиот пазар повеќе од 12 години со многу развиена мрежа на дистрибутери, коментира за МИА Петар Стоименов.

Сподели!
- Advertisement -