Утре Мате Римац ќе го претстави финалниот модел на автомобилот C-Two

- Advertisement -

На 1 јуни Мате Римац ќе ја претстави финалната верзија на моделот C-Two на настан на кој конечно ќе се доџнае и официјалното ново име на овој хипер автомобил. На сите кои последно време ги следеа објавите на компанијата им стана јасно дека подготвуваат нешто големо затоа што секој ден објавуваа нови кратки видеа, односно тизери со кои ги подготвуваа фановите за финалниот настан.

Вчера беше објавено и видео кое навести што можеме да очекуваме на 1 јуни. Иако C_Two има ектремни и неверојатни перформанси, во описот на видеото се вели фека покрај извонредната технологија и врвниот инженеринг, конечната верзија на автомобилот ќе има и поекстремни перформанси и ново име.

- Advertisement -

C_Two прв пат беше претставен на саемот за автомобили во Женева во 2018 година, каде што го одушеви целиот свет. Возилото е опремено со бројни камери и сензори, LIDAR, а како што откри Римац минатата година во разговор за Top Gear, автомобилот благодарение на вештачката интелигенција ќе може да разговара со возачот, а кога ќе забележи дека е потребно, ќе му понуди на возачот да ја преземе контролата над возилото.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -