Првиот човек на кој му е вграден мозочен имплант со мислите управува со компјутерски глушец

- Advertisement -

Изгледа дека првиот човек на кој му е вграден мозочен имплант од страна на компанијата за медицинска технологија на Илон Маск, Neuralink, целосно закрепнал и може да управува со компјутерски глушец со помош на мислите, вели Маск.

„Засега напредокот е добар и изгледа дека пациентот целосно е закрепнат, со невролошки ефекти за кои сме свесни. Пациентот може да го движи компјутерскиот глушец по екранот само со своите мисли“ објави Маск на платформата X.

- Advertisement -

Тој вели дека Neuralink засега настојува да постгне пациентот со глушецот да направи што повеќе кликови. Компанијата минатиот месец го вгради првиот имплант во мозокот на својот прв човечки пациент, откако во јули минатата година доби одобрение за тоа.

Имплантот на Neuralink е осмислен за на луѓето да им овозможи со своите мисли да управуваат со паметен телефон или останата технологија. Во мај во Neuralink е одобрена употреба на импланти во клинички испитувања на луѓе, откако претходно беше тестиран на мајмуни.

- Advertisement -

Имплантот е составен од 1.024 електроди кои роботот го спојуваат со мозокот со помош на игли. Neuralink за клиничкото испитување барала пациент со тетраплегија, односно парализа во нозете и рацете.

Кога луѓето се движат, одреден дел од мозокот се активира. Електродите ги фаќаат тие сигнали, што треба да биде доволно за, на пример, да се замисли движење за управување со курсорот на компјутерот.

- Advertisement -

Дури и во случај на успешни операции може да поминат месеци додека пациентот научи да управува со компјутер со своите мисли. Планирано е клиничкото испитување на Neuralink да трае шест години.

Истражувањето на ваквата врска на мозокот со компјутер трае со години и на луѓе веќе им се вградени разни импланти. Маск има големи опланови во врска со Neuralink. Тој вели дека сака да овозможи со брзо хируршко вградување импланти да се лечат состојби како гојазност, аутизам, депресија и шизофренија.

(N1)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -