Тесла ќе купи суровини за батерии од Австралија

- Advertisement -

Компанијата „Тесла“ очекува да потроши повеќе од една милијарда долари годишно на суровини за батерии од Австралија затоа што верува дека земјата има сигурна рударска и одговорна производствена практика, се наведува во соопштението на компанијата. Претседателката на американскиот производител на автомобили Робин Денхолм изјави дека Австралија, која е богата со минерали што се користат за производство на батерии како литиум и никел, исто така ќе има корист од развојот на синџири за напојување на батериите на електрични возила, како и од ерата на „зелената енергија“. „Тесла“ веќе набавува три четвртини од својата литиумска суровина од Австралија и повеќе од една третина од никелот. – Австралиските рударски компании имаат добра репутација, голема експертиза, професионализам и ги претпочитаат производителите кои се повеќе се загрижени за исполнување на денешните и идните барања, рече Денхолм во Канбера.

Од друга страна, „Тесла“ испорачува соларни батерии во Австралија за складирање сончева енергија. Австралија има најгуста мрежа на покривни соларни панели во светот.

Сподели!
- Advertisement -