Порше Македонија го трасира патот кон електричната мобилност. Инсталирани првите најмоќни Turbo DC полначи за електрични возила во државата

- Advertisement -

Порше Македонија ја проширува инфраструктурата за полнење на електрични и хибридни возила со два нови Турбо полначи со висок капацитет и брзина на полнење.

Во Порше Македонија активно функционираат вкупно 6 станици за полнење на електрични и хибридни возила, од кои 2 се новите Turbo DC полначи со капацитет од 320kW, 3 полначи со моќност од 11kW и еден полнач со моќност од 7,2kW. Ова значи дека во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата.

- Advertisement -

Главна карактеристика на новите Turbo DC полначи е во нивната брзина на полнење. Според спецификацијата, можат да ја наполнат батеријата на најмоќниот модел во понудата на Порше, моделот Taycan, од 20% до 80% за само 19 минути.

“Моделската офанзива на електрични и хибридни возила на Volkswagen Групацијата налага да се направат сериозни инвестиции во развој на инфраструктурата. Во моментов активни се 6 станици за полнење, но до крајот на летото очекуваме да ги инсталираме преостанатите 10 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во рамките на компанијата ќе биде 1 мегават. Инвестицијата е вредна повеќе од 500.000 евра” – изјави д-р. Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.

- Advertisement -

Во рамките на понудата на електрични и хибридни возила, компанијата веќе ги нуди моделите Porsche Cayenne e-hybrid, Panamera e-hybrid, Porsche Taycan, Volkswagen e-up, Volkswagen Passat GTE и Volkswagen ID.3.

Моделската офанзива ќе биде засилена во текот на оваа година во која Порше Македонија планира почеток на продажба на повеќе електрични модели како: светскиот автомобил на годината новиот Volkswagen ID.4, Porsche Taycan Cross Turismo, ŠKODA Enyaq, Audi e-tron и голем број на хибридни возила, базирани на постоечките модели кои се дел од понудата на компанијата.

Сподели!
- Advertisement -