Immersium.eu, нова платформа за промоција и дисеминација на културното наследство со користење на нови технологии

- Advertisement -

Од 31. мај до 03. јуни претставници на седум партнери од 5 држави, Србија, Словенија, Грција, Бугарија и Македонија, учествуваат на студиска посета на Археолошкиот локалитет Стоби со цел мапирање на капацитетите на културните институции за користење дигитални технологии во промоција и дисеминација на богатото културно наследство.

Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21 од Скопје како партнер лидер во проектот „Соработка за имерзивно раскажување за десиминација на културното наследство во Западен Балкан во соработка со Националната институција Стоби организираат низа работилници на кои ќе се претстави соработката помеѓу граѓанскиот, академскиот и креативниот сектор со културните институции.

- Advertisement -

Културното наследство нуди одлична можност за соработка помеѓу културниот и креативниот сектор. Постои огромен потенцијал за раскажување и споделување на приказни со користење на иновативни дигитални алатки кои на публиката ќе ѝ овозможат сосема ново културно искуство. Предизвикот за археолошките локалитети да бидат атрактивни за публиката и новите генерации посетители не е единствен за културните институции од земјите од Западен Балкан, туку генерално и за цела Европа.

Проектот ќе овозможи нов модел за соработка за користење на дигитални технологии во унапредувањето на искуствата на три археолошки локалитети: Стоби во Северна Македонија, Виминациум во Србија и Емона во Словенија. Имерзивното раскажување ќе им овозможи на избраните локалитети одново да го создадат чувството да се биде дел од Римската историја, преку апликации за виртуелна и аугментирана реалност, 360 видеа и слично. Овој модел ќе води кон отркивање на нераскажаните и неоткриени културно-историски приказни преку нова содржина која лесно се споделува со публиката и пошироката јавност. Проектот ќе понуди нов начин за доживување на културното наследство преку создавање на несекојдневни туристички атракции и искуства во чии центар ќе биде корисникот, што ќе ги направи привлечни за нова публика.

- Advertisement -

Партнери на проектот се Археолошки Институт Белград- Археолошки парк Виминациум од Србија, Градски Музеј Љубљана- Археолошки парк Емона од Словенија, Аристотел Универзитет Солун од Грција, компанијата Навипро д.о.о од Словенија и Фондацијата Балканско Наследство од Бугарија.

Проектот е поддржан од програмата Креативна Европа.

Сподели!
- Advertisement -