25.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Еве како ќе изгледа Huawei P50, кој ќе го смени начинот на ког фотографираме со мобилен телефон

Kabtel desktop

Huawei во текот на претставувањето на својот нов оперативен систем Harmony OS официјално не претстави нови мобилни телефони, но ни овозможија да наѕреме во тоа како ќе изгледа нивниот смартфон P50. Засега нема многу информации освен изгледот на мобилниот телефон и распоредот на камерите, а од Huawei не открија која ќе биде претставен и колку ќе чини.

Иако веќе пренесовме неофицијални концепти на новата серија Huawei P50 уреди, она што можеше да се види во текот на презентацијата е каков распоред на камерите ќе има. Неофицијалните најави го погодија генералниот облик на камерите, но не и нивниот распоред.

Јасно е дека Huawei продолжува да соработува со Leicа за оптиката на телефонот. Не е познато кој модел од новата серија беше навестен, но многу веројатно станува збор за стандардниот P50 модел, а веќе е познато дека серијата P доаѓа и во Lite и во Pro верзија.

Она што тврдат од Huawei е дека новиот телефон ќе го подигне мобилното фотографирање на сосема друго ниво. Со оглед на камерите кои ги имаше претходната серија, особено Pro верзијата, нивното тврдење не би требало да се отфрли. Ричард Ју од Huawei во текот на презентацијата во живо наведе само дека P50 ќе биде полесен дизјан, но не е потврдено дали и тие телефони ќе го содржат оперативниот систем Harmony OS.

(The Verge)

(фото: YouTube)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •