ВИДЕО: Мате Римац ја претстави Nevera – хиперавтомобилот вреден 2 милиони евра

- Advertisement -

Конечно ги дознавме спецификациите, цената и официјалното име на автомобилот од Севта Недела кој никого не остава рамнодушен. Мате Римац вчера и официјално го претстави автомобилот на кој деноноќно работеше тимот во последните четири години затоа што си зададе висока цел- да го произведат најдобриот електричен хиперавтомобил во светот и секако дека успеаја во тоа.

Моделот кој досега беше познат како C_Two вчера беше претставен како Rimac Nevera. За тоа име се одлучиле затоа што името е одраз на одличните перформанси кои може да се видат за неколку мига. Невера е моќна медитеранска бура набиена со молњи која се појавува со исклучителна брзина и сила.

- Advertisement -

1914 KS му овозможуваат на автомобилот да достигне 100 км на час за 1,85 секунди, а до 300 км за само 9,3 секунди. Огранилчувањето на брзината е на 412 км/ч. Овие перформанси доаѓаат со цена која изнесува 2 милиони евра. Во сериско производство ќе се појават само 150 парчиња Nevera, а како знак на посветеност на проектот Мате Римац лично ќе го тестира и ќе го потпише секој примерок пред да биде доставен на купувачите.

Револуционерниот карбонско монокок на Nevera се состои од карбонски кров, батериски склоп и заден карбонски дел. Тие заедно ја сочинуваат најголемата карбонска конструкција во автомобилската индустрија. Автомобилот тежи помалку од 200 кг и е составен од 2.200 карбонски влакна и 222 алуминиумски делови.

- Advertisement -

Уникатната батерија со течно ладење во форма на буквата H со 6.960 ќелии екипата на Rimac Automobili ја дизајнирала од нула и е сместена во срцето на Neverа. Способна е за производство на 1,4 MW јачина.

Во внатрешноста на автомобилот има место за двајца патници и багаж, додека во кокпитот има три TFT екрани со висока резолуција на кои се прикажуваат само информациите кои возачот сака да ги види. Автомобилот е конфигуриран и за возење по писта, но и за удобност и кабината е поделена на два дела. Фокусот на горниот сегмент е насочен на уживање во возењето и перформанси, додека во долниот дел е сместен инфотеинмент системот, контролата за удобност и податоците за возењето. Од кокпитот возачот може да ги следи перформансите на автомобилот преку телеметрија во реално време.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -