Детално кој нема да работи во неработната недела

- Advertisement -

Од 1 октомври недела станува неработен ден за сите, но со одредени исклучоци. Со предлог законот се предвидени следните исклучоци за кои се предлага да се дозволи да работат во недела и на празник:

-специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност;

- Advertisement -

-продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун;

-продавниците, киосците и штандовите во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 10.000 м2;

- Advertisement -

-штандовите и киосците каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела и;

-продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалаци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата.

- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, посочи дека овие работници за работа во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50 проценти од редовната дневница. Дополнително, ќе добијат и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена. Имплементацијата на Законот ќе биде контролирана од страна на Државниот инспекторат за труд.

„Работодавачите кои ќе го прекршат законот им се забранува работа од 15 дена и им се издава прекршочен платен налог. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа, не смее да го намали бројот на вработените“, рече министерката Шахпаска.

Бектеши истакна дека со Предлог-законот за трговија, предвидено е додатокот на плата за работа во недела и на празници кој работодавачот (трговците) ќе треба да им го исплати на вработените да изнесува најмалку 100%, за секој час поминат на работа.

За трговските субјекти кои ќе работат во недела и на празници се утврдува надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година во недела и на празници, средства кои ќе се инвестираат во детски градинки согласно закон.

Сподели!
- Advertisement -