- Advertisement -
Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, денеска ги презентираше наодите на вонредната седница од анализата на дистрибуираниот мазут и други течни горива и при тоа ги соопшти компаниите на кои ќе им биде одземена лиценцата.
– РКЕ отпочлна постапка за одземање на лиценци за трговија со нафтени деривати, а пред се на мазут на големо, извести првиот човек на регулаторното тело.
- Advertisement -
Станува збор за компаниите Пертинакс, РКМ, Ли-Оил Кавадарци и Супертрејд, а лиценцата им се одзема поради непоседување на оперативни резерви на мазут.
Неправилностите се утврдени од Државниот пазарен инспекторат, а овие оператори не поседувале пет дневни резерви за потрошувачката во 2020, кои требало да ги обезбедат.
- Advertisement -