17.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Шпаркасе банка го започнува третиот циклус од програмата “Чекор по чекор“ за поддршка на стартап бизниси

Kabtel desktop

Шпаркасе Банка Македонија го објави почетокот на третиот циклус од програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка на старт-ап бизнисите во Република Северна Македонија. Преку оваа програма Шпаркасе Банка Македонија веќе трета година по ред на стартапите им овозможува пристап до потребните финансиски средства за развој на нивните микро и мали компании, како и вклучително едукација и менторство за правилен развој и одржливост на бизнис-идеите.

Програмата „Чекор по чекор“ е прва акцелераторска програма од овој вид во Република Северна Македонија, која започна во 2019 година во соработка со партнерите „Business Impact Lab“ и „Startup Academy“. Целта на програмата е да обезбеди парична и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на развој на сопствен бизнис, со можност за кредитирање во износи до 25.000 евра, вклучително со пакет на образовна, финансиска и менторска поддршка.

Како прва банка што воведе специјална програма за финансирање и поддршка на развојот на старт-ап бизнисите, Шпаркасе Банка Македонија во претходните два циклуса успеа да овозможи кредитирање на 22 старт-ап компании, со вкупен износ од околу 200.000 евра. Само во 2019 г. беа финансирани првите 14 старт-ап компании, додека во 2020 г., иако беше година на пандемија, сепак циклусот беше целосно спроведен преку онлајн платформите и со неговото финализирање произлегоа дополнителни 6 нови успешни старт-ап проекти, со кои денес се гордееме“, изјави Владимир Кечовски, директор на Дирекцијата за мали и средни компании за Регион Скопје.

Шпаркасе Банка Македонија во претходните два циклуса успешно ја реализираше програмата „Чекор по чекор“ во соработка со партнерите „Business Impact Lab“ и „Start Up Academy“, кои беа задолжени за спроведување 8 различни образовни модули наменети за едукација на старт-ап менаџерите за квалитетна изработка на потребните бизнис-планови. Но, исто така, со своето менторство ги насочуваа стартапите како правилно да ги употребат финансиските средства и да ја продолжат инвестициската активност за да го обезбедат потребниот фиксен капитал.

„Најголемата придобивка од програмата е фактот што повеќе од 20 старт-ап бизниси добија финансиски средства за реализација на нивните бизнис-идеи во околности каде што шансите за добивање поволни финансиски средства од други финансиски институции беа и сѐ уште се минимални. Благодарение на програмата, имаме 20 бизниси што успешно работат и дополнително го развиваат претприемничкиот екосистем во Македонија. Од друга страна, пак, повеќе од 50 компании ја поминаа програмата и имаат развиени бизнис-идеи, кои со минимално подобрување и со поголема посветеност на претприемачите можат да прераснат во нови успешни приказни не само за Банката, туку и за заедниците во кои функционираат“,  изјави Виктор Митевски од „Startup Academy“.

Изјава од Кристијан Милески

„’Бизнис импакт лаб’ како акцелератор што работи активно и е дел од нашиот екосистем, слободно можам да кажам дека ‘Чекор по чекор’ е една од ретките програми што има за цел да им го олесни пристапот до финансии на стартапите. Програмата ги следи економските текови и се адаптира во согласност со настанатите промени на глобално ниво. Градејќи ги капацитетите на стартапите, а посебно оние што имаат одредено влијание врз околината со нивното работење, нашата цел е да им помогнеме во нивниот раст и надвор од нашите граници“,изјави Кристијан Милески, соосновач на „Бизнис импакт лаб“.

Програмата „Чекор по чекор“ е наменета за компании што се регистрирани пред помалку од 24 месеци и кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства и едукација за унапредување на нивните претприемачки вештини, кои се наоѓаат во старт-ап фаза или во фаза на развој на бизнис-идеја и вработуваат еден или помалку од 10 вработени.

Повеќе информации за програмата „Чекор по чекор“ погледнете на веб-страницата на Банката (www.sparkasse.mk), а сите заинтересирани учесници во третиот циклус ги покануваме да се пријават со пополнување онлајн апликацијата на следниот линк.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •