Eинствената можност за младите од Западен Балкан да волонтираат ширум регионот, ќе биде претставена во јавноста, во вторник 8 јуни 2021 година, во Подгорица и онлајн. Околу 400 млади луѓе од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија ќе имаат можност за волонтираат во регионот. На многу од нив ова ќе им биде прво патување во регионот, со оглед на фактот што досега немале прилика да патуваат во странство.
Програмата нуди три можности, ROUTE Мини, ROUTE Миди и ROUTE Макси. ROUTE Мини дава можност за волонтирање на регионалните фестивали и спортски манифестации во траење до седум дена. ROUTE Миди е посветен на волонтерски активности во заедницата кои ќе траат до две седмици, како на пример волонтерските летни кампови. ROUTE Макси дава можност младите преку волонтирање да престојуваат до два месеци, во некои од најактивните граѓански организации во регионот. Сите трошоци за одбраните волонтери и волонтерки ќе бидат покриени (сместување, храна, патни трошоци и осигурување). Веќе имаме над 200 пријавени млади од целиот регион. Процесот на пријавување ќе биде отворен цело лето на следниот линк: https://routewb6.org/join-us
Преку програмата, волонтерите ќе поддржат локални иницијативи, ќе се сензибилизираат и ќе водат релевантни иницијативи ширум регионот, а исто така ќе стекнат вештини за критичко размислување за предизвиците со кои се соочуваат локалните заедници.
За прв пат на Западен Балкан, регионалната прекугранична волонтерска програма е осмислена во соработка со младите луѓе, од кои тие ќе имаат директна корист. Процесот на осмислување ги вклучуваше младите од целиот регион кои активно учествуваа во креирањето на оваа програма.
Проектот ПАТ Западен Балкан 6 (ROUTE WB6) има за цел промоција на прекуграничното волонтирање како алатка која дава придонес во намалувањето на социјалната и етничката дистанца помеѓу младите од регионот, како и за зајакнување на нивните про-социјални и европски вредности, што водат кон помирување, стабилност и просперитет во регионот. Проектот на Западен Балкан го спроведува конзорциум под водство на Регионалната канцеларија за соработка на младите (РИКО) во соработка со Beyond Barriers, Младинската мрежа на југоисточна Европа, Ленс, Младински културен центар – Битола, Асоцијацијата за демократски просперитет ЗИД, Млади истражувачи Србија и Институтот за развој на младите КУЛТ. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.