Trombia Free е целосно автононо возило за чистење улици кое го направи финската комунална компанија Trombia Technologies. Електричното возило користи 15% помалку енергија во споредба со технологиите што се користат сега и ќе заштеди над 3 милиони метрички тони јаглерод диоксид годишно. И покрај електричниот дизајн, Trombia Free има исто толку добри перформанси.
„Моменталната технологија за возилата за чистење улици се базира на нешто измислено во 50-тите години од минатиот век. Едноставно не можеме да влеземе во зелената и одржлива ера на 2020-тите години со таков застарено решение. Со глобално патентираната Trombia технологија можеме драстично да ја намалиме потршувачката на енергија, па создавањето моќно електрично возило беше голем предизвик за нас“ вели Анти Никанен, извршен директор на Trombia Technologies.
ЛЧистачот на улици доаѓа опремен со еден вид на сензор на пречки на патот. Што се однесува на работни места, од компанијата велат дека автономните возила ќе отворат работни места за возачите како оператори на возилата, менаџери или логистика. Trombia Free е 85% повеќе енергетски ефикасен отколку рално управуваните чистачи. За разлика од конвенционалните возила, Trombia Free не троши вода. Наместо тоа, комбинира циклонска филтрација, аеродинамика и методи за навлажнуцање за да ја контролира прашината. Освен тоа, затоа што е полесно и потивко, може да работи и ноќе и дури и во затворени простори.
Trombia Free ќе почне да се користи годинава во рамките на едногодишна пилот-програма, а масовната продажба ќе почне на почетокот на 2022 година.
(Inhabitat)
(фото: YouTube)