Facebook подготвува паметен часовник со две камери

- Advertisement -

Компанијата Facebook го развива својот прв паметен часовник, кој ќе се појави на пазарот на лето во 2020 година. Паметниот часовник ќе има две камери и ќе може да се одвои од алката за да се фотографира и да се снима, а потоа преку апликацијата на Facebook да ги сподели.

Камерата на предната страна на часовникот е наменета главно за снимање, додека задата камера со авто фокусирање може да се користи за снимање кога ќе се одвои од кучиштето на зглобор направен од нерѓосувачки челик. Facebook сака и други компании да прават додатоци за спојување на камерите на различни предмети како ранци и слично.

- Advertisement -

Идејата е корисниците да се мотивираат да го користат паметниот часовник како и паметен телефон, а се е дел од планот на директорот на Facebook, Марк Цукерберг, да произведува повеќе уреди на кои не им се потребни платформите на Apple и Google, кои наголемо ги контролираат опциите на Facebook да допре до луѓето.

Apple агресивно се позиционираше како заштитник на приватноста ограничувајќи различните видови податоци кои се собираат преку апликации како Facebook, додека Facebook се поврзува со различни скандали поврзани со користење на податоците од корисниците. Часовникот ќе биде достапен идната година во бела, црна и златна боја, а ќе чини околу 400 долари.

- Advertisement -

(Facebook)

Сподели!
- Advertisement -