Јапонци го претставија првиот телефон во светот кој спречува правење голи селфи фотографии

- Advertisement -


Испраќањето фотографии од голи тела на интернет не е нешто ново затоа што уште во 2014 година едно истражување покажа дека дури 50% од возрасните Американци на своите партнери им испраќаат такви фотографии. Истата година едно истражување покажа дека дури 89% од миленијалците од женски пол испраќаат голи фотографии на интернет. Јапонски производител на смартфони можеби има најдобро решение за спречување на палавостите на малолетниците поради кои подоцна може да бидат казнети.

Имено, компанијата Tone сака да стави крај на тоа затоа што сметаат дека не е добра идеја малолетници да испраќаат такви фотографии. Телефонот e20 е евтин смартфон кој работи на Android и чини само 180 долари, има тројна задна камера и екран од 6,26 инчи, а е првиот во светот кој спречува правење голи селфи фотографии.

- Advertisement -

Станува збор за AI софтвер во самата апликација за стартување на камерите кои ги блокираат корисниците да прават голи фотографии. Со други зборови, ако корисникот се обидува да направи селфи, а софтверот процени дека станува збор за голотија, ќе го блокира зачувувањето на фотографијата во галеријата на телефонот.

Со овој потег компанијата Tone сака првенствени да ја заштити малолетната популација на Јапонија од злоупотреба и правење фотографии поради кои ќе зажалат во иднина. Освен тоа, телефонот може и да се спои со друг уред, на пример, мобилниот телефон на родителите и да ги предупреди ако детето сака да направи гола фотографија.

- Advertisement -

Единствена маана на телефонот е што уредот е достапен само на јапонскиот пазар.

Сподели!
- Advertisement -