Научници направија квантен микроскоп кој го гледа и невозможното

- Advertisement -

Австралиски научници направија квантен микроскоп кој ги открива биолошките структури кои досега не можеа да се видат. Истражувачите од Универзитетот Квинсленд го создадоа микроскопот кој може да ги покаже структурите кои беше невозможно да се видат, а тоа отвора пат за примена во биотехнологијата, па можеби и во други полиња од навигација до медицински снимања.

Микроскопот се базира на науката за кватна конјугација, ефект кој Ајнштајн го опиша како плашлива интеракција на далечина. Професорот Ворвик Бовен од лабораторијата за квантна оптика на Универзитетот Квинсленд рече дека тоа е првиот сензор заснован на квантна конјугација со перформанси кои ги надминуваат најдобрите можни постоечки технологии.

- Advertisement -

Ова ќе биде достигнување кое ќе ги задрма сите нови технологии – од подобри навигациски системи до подобри MRI уреди. Најдобрите светлосни микроскопи користат ласери кои се милијарди пати посветли од сонцето. Кревките биолошки системи како човечктие клетки под нив може да преживеат само кратко време и тоа е главната пречка досега“, рече професорот Бовен и додаде дека конечно докажале дека сензорите кои се во микроскопот може да ја надвладеат постојната неквантна технологија.

Квантната технологија во нивниот микроскоп овозможува 35 пати поголема јасностија без да ги уништува клетките и им овозможува да видат ситни биолошки структури кои инаку би биле невидливи. Научниот труд на австралиските истражувачи е објавен во списанието Nature.

- Advertisement -

(Vidi)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -