- Advertisement -
Министрите за земјоделство и за економија, Арјанит Хоџа и Крешник Бектеши, и македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов, утре во Букурешт ќе ја отворат еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи „Недела на македонски производи“.
Настанот во Букурешт, како што најавија од МЗШВ, ќе се одржи во зградата на Стопанската комора на Романија.
- Advertisement -
Пред влезот во салата ќе бидат поставени штандови со македонски производи од повеќе компании, кои ќе се презентираат со свои брендови и кои се наменети за дегустација за гостите на настанот и за сите посетители кои во наредните денови ќе ја посетат промоцијата. Таа ќе трае до 18 јуни.
Фото – Flickr
- Advertisement -