Facebook го купи производителот на една од најпознатите VR игри – Population: One

- Advertisement -

Во новиот шопинг поход Марџ Цукерберг, извршниот директор на Facebook, ја купи ко панијата BigBox VR, која е девелопер на една од најпопуларните VR игри во светот – Population: One.

Марк Цукерберг е уверен дека во иднина во многу игри ќе уживаме на сосема поинаков начин – во виртуелна реалност. Уште пред седум години за 2 милијарди долари го презедоа Oculus VR, еден од лидерите на VR технологијата и веруваа дека до 2021 година виртуелната реалност ќе биде битен дел од нашите животи. Тоа не се случи и изгледа дека ќе почекаме некое време пред VR уредите да станат навистина интересни.

- Advertisement -

Проблемот е што VR се уште е скапо искуство, иако технологијата не напредува со светлосна брзина и не постои апликација или игра која ги одушевила корисниците за да инвестираат во уред како Oculus Quest или Rift.

Сепак, тоа не значи дека Facebook се откажал од своите планови за VR, а за тоа е доказ последната аквизиција. Играта Population: One беше претставена пред 9 месеци и оттогаш е една од најсупешните и најпопуларните игри на платформата Oculus, а освен на Oculus Store, достапна е и на Steam.

- Advertisement -

Со оглед на сличноста со една од најпопуларните игри за мобилни уреди и компјутери, медиумите ја нарекоа Fortnite на виртуелната реалност. Во виртуелниот свет на Population: One учествуваат максимално 24 играчи кои се поврзуваат и се натпреваруваат, но и се друѓат. Од Facebook не откриваат какви им се плановите за оваа аквизиција, но велат дека „BigBox VR има големи планови за иднината на POP:One и за останатите проекти“.

(The Verge)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -