ВИДЕО: Ова е првата 3Д печатена куќа од кал во светот

- Advertisement -

3Д печатењето куќи не е новина и постојат многу проекти кои вклучуваат роботи за 3Д печатење кои слој по слој градат станбени објекти со различна големина и облик од бетон. Но, италијанските архитекти од студиото Mario Cucinella Architects (MCA) одлучија со таа техника да изградат куќа која е целосно направена од еден од најстарите градежни материјали од кои сиромашните луѓе во минатото граделе куќи – земја и вода, односно кал.

Со помош на 3Д принтерот Crane WASP, кој изгледа како дигалка со две раце, симултано слој по слој ставале кал и изградиле куќа во форма на две споени куполи, според дизајнот на архитектката Марија Кучинеле. Куќата наречена Tecla е дизајнирана како еден вид пример за евтини одржливи градби, а принтерот Crane WASP добил 7.000 инструкции за создавање на 350 12-милиметарски слоеви од кои настанале ѕидовите. За целата конструкција биле потрошени помалку од 6 kW енергија, а изградбата траела околу 200 часа во текот на неколку месеци.

- Advertisement -

На тој начин настанала првата 3Д печатена куќа од кал во светот, како што можете да видите и од видеото во прилог. Куќата има околу 60 квадратни метри и се состои од „дневна соба“ со кујна и т.н. „ноќна зона“, а мебелот исто така е испечатен од локалната земја и е интегриран во инфраструктурата, додека секоја купола има стаклен кров кој по потреба се отвора и пропушта природна светлина и топлина.

Италијанската архитектка во иднина има намера да гради слични куќи кои ќе се состојат од повеќе катови, а во некои од нив сака да интегрира и други материјали од локални извори, како, на пример, дрво за подови и дрвени греди за поцврста структура.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -