Пентахус во Мајами е најскапиот имот во светот купен со криптовалута

- Advertisement -

Неделава пентхаус во Мајами Бич, вреден 22,5 милиони долари, беше купен со криптовалута и со тоа стана најскапиот имот во светот купен со дигитална валута. Пентхаусот на Мајами Бич се наоѓа во населбата Сурфсајд, ексклузивно подрачје кое влезе во историјата кога во декември минатата година за 33 милиони долари, а сега е меѓу најскапите апартмани во историјата на Јужна Флорида.

Купувачот платил 4.440,50 по квадратен метар, со што пентхаусот стана највреден имот во Сурфсајд и втора по големина трансакција во Мајами Бич од 2017 година досега.

- Advertisement -

Станот со површина од 1.544 квадратни метри се наоѓа на деветтиот кат од 12-катница и вклучува четири спални соби и четири бањи. Купувачот, кој е анонимен, ќе ужива на тераса од 902 квадратни метри со поглед на океан. Зградата нуди и затворен и отворен базен, кровно тениско игралишта, јога студио и сауна. Има и игралиште за деца, угостителска кујна и паркинг места со контролирана температура.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -