Азески и еврокомесарот Вархеји на форумот на кој ќе се конституира „Бизнис платформата ЗБ6-ЕУ“

- Advertisement -

Копретседателот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески заедно со европскиот комесар за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеји денеска ќе учествува на форумот на кој официјално ќе се конституира „Бизнис платформата ЗБ6-ЕУ“, кој ги обединува претставниците на бизнис заедницата од регионот и Европската комисија.

„Платформата ЗБ6-ЕУ“ ја сочинуваат членовите на Бизнис советот на Коморскиот инвестициски форум, советодавно тело на КИФ кое го сочинуваат 16 водечки компании од регионот, членовите на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, како и претставници од ЕУ, со кои на редовна основа ќе се дискутира за предизвиците и можностите за бизнис-заедницата од регионот и ќе се овозможи олеснување на дијалогот меѓу европските институции и бизнисите од регионот, во насока на креирање повеќе можности за трговија, инвестиции и други форми на деловна соработка

Сподели!
- Advertisement -