Amazon ја отвора првата продавница во која ќе се плаќа со дланка

- Advertisement -

Од оваа недела во продавницата на Amazon во Белви ќе може да се изврши плаќање со поставување на дланката над посебен скенер, без потреба од користење готовина, картичка или мобилно плаќање.

Amazon е пионер во интернет трговијата која на милиони луѓе им ги отвори вратите за онлајн шопинг, а последните години компанијата развива технологија со која сака да го промени и искуството на купување во физички продавници. Така, веќе отворија повеќе продавници во кои сакаат да го променат и искуството на купување и во физичките продавници.

- Advertisement -

Така, веќе отворија и повеќе продавници во кои нема каси и во кои купувачите после пријавата со своите податоци од Amazon во таквите посебни продавници можат да си земат производи од полица и да си излезат де класично плаќање. Наместо тоа, камерите и сензорите следат се што купуваат и по излегувањето од продавницата парите за купените производи се одбиваат од нивната сметка поврзана со профил на Amazon.

Технолошкиот гигант сега сака да го смени и начинот на кој се купува во класичните продавници и за неделава го најавија отворањето на првата продавница во градот Белви во која ќе може да се користи нивната технологија Just Walk Out. Таа технологија, слично како и продавниците без каси, ќе им овозможат на купувачите брз шопинг и излегување од продавница без чекање во редици, при што сметката може да се плати со скенирање на дланка.

- Advertisement -

Како што се пофалија од Amazon, досегашните тестирања се покажале фантастични и купувачите биле одушевени од технологијата која им штеди време, но и ги намалува контактите со други луѓе, што на многумина им е битно во оваа пандемиска доба.

(TechSpot)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -