Новo од „Тиквеш“ – Шприцер во лименка

- Advertisement -

Винарската визба „Тиквеш“ лансираше нов производ на пазарот, шприцер во лименка. Сржта на новиот производ е популарното бело вино „Смедеревка“, во идеална комбинација и сооднос кој традиционално се користи при подготовка на шприцер.

„Во креирањето на овој нов производ се раководевме од нашата стратешка цел – следејќи ги пазарните трендови, постојано да нудиме иновативни производи со кои ќе ги задоволиме очекувања на потрошувачите, поместувајќи ги притоа стандардите во индустријата и потрошувачката на вино во земјата“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

- Advertisement -

Новиот освежителен пијалак содржи 5% алкохол и се препорачува да се консумира разладен. Спакуван е во лименки од 330 мл, што му дава особена практичност и креира дополнителни  можности за консумација на различни места и прилики.

Заради практичното пакување, одличниот вкус, свежината и ниското ниво на алкохол, очекувањата се дека шприцерот во лименка ќе биде добро прифатен, како од традиционалните консументи на шприцер кои се лојални на брендот „Смедеревка“, така и од нови категории потрошувачи.

Сподели!
- Advertisement -