Тројца кинески астронаути успешно ја завршија историската мисија

- Advertisement -

Кинеската национална вселенска агенција објави дека леталото Shenzhou-12 со тројцата астронаути успешно стигна на вселенската станица Tianhe, која уште е во изградба. Леталото ќе се спои со Tianhe, првиот модул на идната кинеска вселенска станица, и во комбинација со претходно пристигнатото товарно летало Tianzhou-2 ќе создаде триделна комбинација од летало и модул во кој ќе живеат астронаутите и ќе работат во наредните три месеци.

Самиот процес на спојување трае неколку часа, после што астронаутите влегуваат во Tianhe модулот и со тоа ќе се запишат во историјата. Имено, со нивниот престој на Tianhe во Земјината орбита ќе станат втората вселенска станица со екипаж, покрај Меѓународната вселенска станица.

- Advertisement -

Астронаутите Ни Хаишенг(56), Лиу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45) во текот на својот престој во вселената ќе извршат некои истражувања, ќе направат неколку вселенски прошетки во текот на кои ќе го подготвуваат модулот за спојување со идните модули кои допрва ќе бидат лансирани.

(CNSA)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -