CreatINNES – Како до развој и брз раст на креативни бизниси и стартапи

- Advertisement -

Како до развој и брз раст на креативни бизниси и кои се можностите за поддршка на креативни бизниси и стартапи, на овие прашања одговор ќе дадат домашни експерти кои ќе учествуваат на денешниот онлајн настан „CreatINNES“ што го организира Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).

Еекспертите ќе го споделат своето искуство преку презентација на различни програми кои можат да придонесат за развој на стартап или воспоставен бизнис. Тие ќе ги посочат можностите за поттикнување на развојот и растот на старт-апите во земјава, вклучително и оние од креативната индустрија. Ќе стане збор и за искуствата на организациите кои работат со нив, како и за тоа што е пресудно за успех на еден бизнис – добрата и креативна идеја или подготвеноста на тимот што ја спроведува.

- Advertisement -

На настанот ќе бидат изнесени и дел од можностите за техничка и финансиска поддршка за старт-апи кои се нудат локално и во регионот, а ќе бидат презентирани и можностите за соработка и учество во програми поддржани од дијаспората.

-Преку овој настан ќе се инспирираат студентите, фриленсерите и бизнисите во секторот на креативната и културна индустрија да вложуваат во нови знаења и вештини, како и да ги искористат можностите кои им се нудат на пазарот. На настанот ќе се презентира и програмата „CreatINNES”, финансирана од Европската Унија, преку програмата Еразмус+, во чии рамки е организиран настанот. Зад CreatINNES, стои стратешко партнерство од шест европски организации од Бугарија, Германија, Франција, Унгарија и Северна Македонија. Наменета е за сите старт-апи, фриленсери од креативната и културната индустрија, но и од сферата на дигиталните бизниси, информатичката и комуникациската технологија и други, велат од МРФП

Сподели!
- Advertisement -