Теди Пејоски го менторира стартапот „CryptEarn“ кој воведува иновација во светот на веб 3 играњето!

- Advertisement -

„Иновативност“’ со задоволство ви најавува серија на блог постови посветени на првото реално шоу за претприемачи во Македонија –  “The Founder Games” кое може да го следните на нивниот канал на Youtube. Во време кога сведоци сме на млади студенти кои своите иновативни идеи ги претвораат во бизниси вредни милиони, многумина се запрашуваат: Како и јас да постигнам таков успех? “The Founder Games” доаѓа како одговор на овие прашања, со цел да го разоткрие процесот на изградба на успешен бизнис од самиот почеток.

Како дел од оваа серија, Иновативност ексклузивно ќе ви ги претстави учесниците на ова пионерско шоу, започнувајќи со емитувањето на крајот на март. Нашата прва сторија се фокусира на уникатното комбо на менторот Teddy и стартапот Cryptearn.

- Advertisement -

Катализатор на стартап иновации и претприемнички успех, “The Founder Games powered by Halk Bank” се истакнува како еминентна сцена за претприемачи кои сонуваат за големи работи, поврзувајќи ги  20-те  најперспективните стартапи, спојувајќи ги со 20 водечки ментори во индустријата. Ова реално шоу за претприемачи не само што ги воведува гледачите зад сцената на стартап животот, туку и создава мост кон исклучителната награда: патување во Силиконската Долина за победничкиот тим, отворајќи ја вратата кон остварување на американскиот сон.

Дел од ова натпреварување е тимот на „CryptEarn“ под менторството на Теди Пејоски, визионер кој со своето искуство и досегашни достигнувања докажува дека страста кон иновациите е клучот кон успехот. Спојот меѓу Теди и „CryptEarn“ е стратегиски избор, намерно направен за да се искористат заедничките вредности на иновација и стремежот кон промена. Теди, со својата богата кариера од самоук програмер до CEO на NoCode, Inc., претставува идеален ментор за „CryptEarn“, стартап кој се стреми да го трансформира плеј-ту-еарн пазарот.

- Advertisement -

„CryptEarn“, основан од амбициозните Стефан Савевски, Стефан Крстевски и Бојан Костовски, и Слаѓан Арсовски претставува иновација во светот на веб 3 играњето, обидувајќи се да го реформира начинот на кој луѓето гледаат на плеј-ту-еарн индустријата и дека сепак постои можност да се заработува од играње на овие игри.. Нивната уникатна визија и потенцијал за промена е во центарот на вниманието во „The Founder Games powered by Halk Bank“, каде што се подготвени да ги прифатат предизвиците и критиките од шест-члено жири, демонстрирајќи ги своите напори и адаптации во текот на шоуто.

Ова шест-члено жири, составено од искусни индустриски лидери и иноватори, игра клучна улога во „The Founder Games powered by Halk Bank“, обезбедувајќи строга, но конструктивна оценка на секој стартап. Нивната експертиза и совети се клучни за развојот на учесниците, нудејќи им шанса да ги усовршат своите презентации и бизнис планови пред конечното презентирање на настанот „Longest Pitch Marathon“.

- Advertisement -

„The Founder Games powered by Halk Bank“ е шоу за претприемачи кои сакаат да ги надминат своите граници и да се истакнат во конкурентниот свет на стартапите. Со шансата да ја истражат Силиконската Долина и да се поврзат со водечките иноватори и инвеститори, победничкиот тим ќе добие не само престиж, туку и практични ресурси за да го забрза својот раст и развој.

Ги покануваме сите заинтересирани за претприемништво и иновации да бидат дел од ова возбудливо патување со „The Founder Games powered by Halk Bank“. Ова е вашата шанса да застанете рамо до рамо со најуспешните умови во стартап заедницата и да зачекорите кон остварување на вашите претприемнички соништа.

Сподели!
- Advertisement -