Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5 % во однос на Одлуката од 14.06.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,772 ден/кг и сега ќе изнесува 36,009 ден/кг.
Од 22.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 69,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 71,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,009 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,681%, дизелот за 1,934%, екстра лесното масло за 1,962% и кај мазутот зголемувањето е за 2,07%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,724 %.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.6.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 14.6.2021) се дадени во следната табела:
(фото: Pikist)