И Deloitte им дозволи на вработените да работат засекогаш од дома

- Advertisement -

Вработените во компанијата Deloitte во Велика Британија ќе кожат да работат од каде што сакаат кога ќе се ублажат мерките поради КОВИД-19 и ќе се прекине работата од дома. Персоналот на овој глобален лидер на полето консултантски услуги нема да биде обврзан воопшто да работи од канцеларија.

Околу 15.000 вработени во Deloitte во Велика Британија одговорија на интернет анкетата за иднината на работата од дома, при што на 80% одговорија дека очекуваат да работат од канцеларија два или помалку дена неделно.

- Advertisement -

Над 90% од работната сила на Deloitte изјавија дека слободата ан избор и флексибилноста треба да бидат иднината на компаниите.

Пандемијата многу го промени нашиот начин на живот, не само нашата работа. Последната година навистина покажа дека нема нешто универзално што им одговара на сите кога е во прашање усогласувањето на работата и приватниот живот. Исто така, покажа дека можеме да им веруваме на нашите луѓе дека ќе го направат вистинскиот избор кога, како и од каде ќе работат. Кога владата ќе ги укине сите ограничувања ќе ги оставиме нашите луѓе да избираат каде ќе бидат за да работат најдобро“ рече извршниот директор на Deloitte, Ричард Хјустон.

- Advertisement -

Компанијата соопшти дека кога ќе се укинат сите ограничувања канцелариите ќе се користат главно за тимска работа, обуки и состаноци со клиенти.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -