Вселенскиот интернет на Илон Маск до септември ќе ја покрие целата Земја

- Advertisement -

SpaceX наскоро во орбитата ќе има над 1.800 сателити за Starlink констелацијата.Претседателката на SpaceX, Гвини Шотвел, откри дека во септемвир годинава констелацијата на вселенскиот интернет би можела да постигне глобална покриеност откако во орбитата ќе се најдат над 1.800 интернет стаелити.

Иако тоа е помалку од планираните 12.000 сателити за во иднина, Шотвел вели дека ќе има доволно за вселенскиот интернет да го покрие целиот свет. Tоа не значи дека во септември автоматски ќе можеме да го користиме интернетот на Илон Маск затоа што Шотвел истакна дека SpaceX ќе мора да склучи договори со телекомуникациските регулатори во секоја земја каде што ќе се нуди новата услуга.

- Advertisement -

Во моментот Starlink се наоѓа во бета фаза во само неколку земји, меѓу кои САД, Велика Британија и Канада, но познато е дека сервирот веќе има регистрирано подружници во многу држави како Австрија, Австралија, Аргентина, Бразил, Франција, Чиле, Колумбија, Германија, Грција, Ирска, Италија, Мексико, Холандија, Ноз Зеланд, Филипини, Јужноафриканска Република и во Шпанија.

Не е познато дали во блиска иднина планираат да отворат подружница на Балканот и во Македонија.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Starlink)

Сподели!
- Advertisement -