Египет ги отвори своите врати за сите вакцинирани туристи без PCR тест

- Advertisement -

Египет одлучи од 23 јуни за сите патници кои се вакцинирани и сакаат да ја посетат оваа земја да им овозможи влез без негативeн PCR тест. Како што објавија, условите за влез во Египет без негативен PCR тест се следните: патникот да поседува сертификат за извршена вакцинација против КОВИД-19 со валиден QR код и од примената втора доза вакцина да поминале најмалку 14 дена.

Вакцините кои ги признава Арапската Република Египет се: Pfizer-BionTech, Sinopharm, Sputnik V, Moderna и Astra-Zeneca.

- Advertisement -

За патниците кои не поседуваат сертификат за вакцинација за влез во Египет им е потребен негативен PCR тест не постар од 72 часа од времето на тестирање со предвиденото време на летот. Децата на возраст од 6 години немаат обврска да приложат негативен PCR тест на корона вирус.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -