Професор Игор Јорданов oд ТМФ заедно со истражувачи од Македонија, Србија и САД ќе развиваат иновативна војничка униформа за НАТО

- Advertisement -

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска оствари средба со професорот Игор Јорданов од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје во врска со проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на Алијансата, поддржан од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“.

Овој проект има за цел да произведе повеќефункционална војничка униформа која ќе биде огноотпорна, ќе штити од микроорганизми и УВ-зрачење, а преку промена на боја ќе детектира нервни гасови. Овие својства ќе се постигнат со новата слој-по-слој техниката за нанесување нанопремази на површината на ткаенината, со користење на хемикалии кои се отпад од индустријата, користејќи го концептот на циркуларната економија. Овие нанопремази овозможуваат да се постигнат бараните својства, а униформата да биде лесна и да ги задржи своите комфорни својства“, изјави во оваа прилика професор Јорданов.

- Advertisement -

Проектот ќе го реализираат стручни тимови од Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, Технолошко-металуршкиот факултет во Белград, Србија и од Тексас А & М Универзитетот во САД.

Сакам да истакнам неколку важни аспекти за проектот. Двајца млади научници од нашата земја ќе се обучуваат од областа на нанопремази и депонирање наночестици во САД и Србија. Понатаму, Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе добие нова лабораторија за напредни материјали базирани на циркуларната економија, а заедно со останатите тимови ќе креираме нови технолошки решенија кои ќе бидат значајни за нашата земја но и за светската наука“, вели Јорданов кој ги охабрува останатите научни тимови активно да аплицираат на програмата НАТО наука за мир и безбедност, која нуди огромни можности доколку предложените проекти одговараат на барањата на НАТО Алијансата.

- Advertisement -

Министерката Шеќеринска ја повика академска заедница да биде поангажирана во обезбедување на проекти, за што ќе добие поддршката од државата.

Нашите планови за 2022 година се уште поамбициозни. Би сакале и во буџетите за одбрана да обезбедиме еден дел од средства коишто ќе ги намениме за поддршка на домашните научници и домашната наука, а се со цел и ние да го следиме чекорот на НАТО кој се повеќе се врти кон иновации кои се важни во одбраната и коишто ќе значат дека Алијансата и ние како нејзина членка нема да го изгубиме чекорот со технолошкиот развој кој ја дефинира и нашата безбедност. Така што сакам да честитам навистина на професорот, а воедно и да ги поддржиме нашите научници“, нагласи министерката Шекеринска.

- Advertisement -

На крај сакам да истакнам дека еден од клучните критериуми за добивање вакви проекти е инволвирање на крајни корисници на проектот, затоа што НАТО Алијансата силно ги подржува проектите кои, освен научен, имаат апликативен потенцијал. Како крајни корисници на овој проект се јавија Министерството за Одбрана на Република Северна Македонија и компанија специјализирана за боење, доработка и печатење на текстил ЕАМ од Штип. Затоа сакам да изразам огромна благодарност на Министерката за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска и на сопственикот и генералниот менаџер на компанијата ЕАМ г-динот Александар Патраклиски за подршката која ни ја дадоа во текот на аплицирање на проектот“, потенцира професорот.

Сподели!
- Advertisement -