SoulSeat е канцелариски стол за сите на кои им е здосадено да седат во една иста позиција

- Advertisement -

Сите знаеме колку е неудобно да се седи цел ден во стол во една иста позиција и колку е тоа лошо за нашиот рбет и за држењето на телото. Се до неодамна канцелариските столови беа здодевни, ужасни и неудобни за седење. Но, сега има столови на кои можете да прилегнете, кои користат роботика за да ве постават во некоја позиција, па дури и столови кои личат на диносауруси. А сега дизајнираа и стол кој ви овозможува да седите со скрстени нозе или во која било друга позиција додека работите.

Столот се вика Soul Seat. Го направи компанијата Ikaria Design и е дизајниран со две различни нивоа – повисок стол на кој седнувате и пониско ниво за да ги поставите нозете во која сакате позиција. Можете на столот да седите со скрстени нозе, да ја свиткате едната нога горе, па дури и да си ги ставите нозете и колената во воздух.

- Advertisement -

Традиционалните канцелариски столови не дозволуваат да седнете во поинаква позиција освен традиционалната или со прекрстена нога една преку друга. Бидејќи овој нов иновативен стол нема потпирач за грбот или за рацете, имате слобода да седите во која сакате позиција, па во текот на денот да се чувствувате порелаксирани и поудобни додека работите на компјутер.

Soul Seat ви дозволува да ја прилагодите висината и на горното и на долното ниво. Столот е совршен за љубителите на јога, за фитнес фанатиците, за луѓето со болки во грбот или нозете затоа што доаѓа и во различни величини. Исто така, го има и во различни бои и материјали.

- Advertisement -

(OddityMall)

(фото: Ikaria Design)

Сподели!
- Advertisement -