Heineken ја купи најголемата пиварница во Индија

- Advertisement -

Heineken, вториот најголем производител на пиво во светот, ја презеде најголемата индиска пиварница United Breweries Limited (UBL) и со тоа ја зацврсти својата позиција на огромен пазар каде што има огромен потенцијал за раст на консумацијата на пиво. cementing its position in a vast market where beer consumption could grow from a low base.

Од холандската пиварница изјавија дека купиле 39,6 милиони акции во UBL. Според вредноста на компанијата неделава, аквизицијата вреди околу 781 милиони долари.

- Advertisement -

UBL е производител на најпродаваното пиво во Индија, Kingfisher и беше во сопственост на индискиот бизнисмен Виџај Малиа, кој зел заеми од Велика Британија во вредност од над 1,4 милијарди долари кои не сакал да ги врати. Затоа банките ја презедоа сопственоста над компанијата и Комисијата за конкуренција на Индија го прифати предлогот на Heineken за аквизиција.

(Business Today)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -