Вакцините на Pfizer и Moderna обезбедуваат доживотен имунитет од КОВИД-19

- Advertisement -

Вакцините на Pfizer-BioNTech и Moderna против КОВИД-19 поттикнуваат имунолошка реакција во телото која ќе ги штити луѓето со години, потврди извештајот што во понеделникот го објави списанието Nature.

Додека ефективноста на медицинските средства кои се развија со рекордна брзина во рана фаза од ширењето на пандемијата природно не е 100%, можеби се приближуваме до фаза кога многу приматели на вакцини ќе може да здивнат затоа што барем тие две вакцини обезбедуваат речиси доживотна заштита од новиот вирус.

- Advertisement -

Новите откритија се збирен резултат на мноштвото докази дека повеќе луѓе кои примаат две mRNA веројатно нема да имаат потреба од други засилувачи на имунитетот се додека вирусот и неговите нови варијанти не станат еволутивно поефективни. Тие кои се заразиле со КОВИД-19 и веќе го прележале вирусот пред да примат вакцина можеби нема да имаат потреба од вакцина.

„Ова е добар знак за тоа колку е траен нашиот имунитет од вакцината“ вели имунологот Али Елебеди од Универзитетот Вашинготн, кој исто така е водечки автор на студијата.

- Advertisement -

Сепак, студијата не ја вклучува вакцината на Johnson & Johnson, а Елебеди вели дека имунолошкиот одговор на вакцината веројатно ќе биде пократкотраен од отколку mRNA вакцините. Минатиот месец Елебеди и неговиот тим открија дека „заспана“ верзија на корона вирусот во коскена срж може да преживее до осум месеци после инфекцијата.

Овие откритија покажуваат дека имунитетот може да трае со години и можеби во текот на целиот живот за тие кои се заразиле со вирусот пред да се вакцинираат. Но, ако претходно не биле заразени тој имунитет можеби нема да трае толку долго.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -