Со години корисниците на интернет бараат на Google информации за своите здравствени симптоми и добиваат различни, често неприменливи информации. Dr. Google дава само информации, а не и дијагнози. Но, тоа може да се промени наскоро. Имено, Google направи апликација која по својата прецизност ги надминува и професионалните дерматолози. Дека се сериозни зборува и фактот дека добија одобрение од Европската унија апликацијата да ја наречат „медицинска“.
Апликацијата која се базира на вештачка интелигенција по прв пат како демо е прикажана во април на конференција на Google. При демонстрацијата беше доволно корисникот да фотографира сомнителна промена на кожата, а апликацијата врз основа на голема база на податоци дава предлог за што би можело да се работи. Како што истакнаа од Google, вештачката интелигенција врз основа на стотина илјади фотографии од различни состојби на кожата и може да идентификува 288 промени, меѓу кои и рак на кожата, со што покрива 90% од најчестите прашања кои се појавуваат на пребарувачот.
Google апликацијата ја нарекува помошна алатка за дерматолози и најавуваат дека во јавноста ќе се појави до крајот на годината, и тоа прво на европскиот пазар затоа што ЕУ го одобри користењето на апликацијата.
Со оглед на тоа дека бројот на луѓе на кои им се детектираат некакви промени на кожата, а кои може да бидат канцерогени, секоја година се зголемува, оваа апликација би можела да биде добра алатка за самоконтрола.
(Zimo)
(фото: Flickr)