И покрај предупредувањата, САД го одобри првиот лек за Алцхајмерова болест во светот

- Advertisement -

Американската управа за храна и лекови го одобри првиот лек во светот за Ацхајмерова болест занемарувајќи ги предупредувањата оф независни советници дека тој третман не покажал дека помага во забавувањето на развојот на болеста која го уништува мозокот.

Управата соопшти дека дала одобрение за лекот на компанијата Biogen за пациенти со Алцхајмерова болест. Тоа е единствениот лек за кој, како што вели американсктоо регулаторно тело, постои веројатност дека ја лечи самата болест наместо да го стопира развојот на симптомите.

- Advertisement -

Одлуката може да влијае на милиони стари луѓе во Америка и на нивните семејства и сигурно ќе предизвика нелагодување кај лекарите и медицинските истражувачи. Одлуката има и далекусежни последици за стандардите за проценка на експерименталните терапии, вклучувајќи ги и оние кои покажуваат поспаност. Управата бара од производителите да спроведат дополнителна студија за да го потврдат бенефитот од лекот за пациентите. Ако студијата не успее да покаже ефикасност, Управата би можела да го повлече лекот од пазарот, иако тоа ретко се случува.

Biogen не ја објави цената веднаш, иако аналитичарите проценуваат дека лекот би можел да чини од 30.000 до 50.000 долари за една година третман. .

- Advertisement -

(Buizlife)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -